Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Среќен ти роденден!“ и изложба за 73 години на Македонската филхармонија

МК Сцена

„Среќен ти роденден!“ и изложба за 73 години на Македонската филхармонија

Македонската филхармонија во петок ќе одбележи 73 години од постоењето. 

По овој повод го најавува концертот „Среќен ти роденден!“ на чија програма се Прелудиум за оркестар бр. 2 од македонскиот композитор Панде Шахов, виртуозниот Концерт за виолина и оркестар бр. 1 од Карл Голдмарк на кој како солист ќе настапи македонскиот истакнат виолинист Љубиша Кировски, како и атрактивната симфониска поема „Американец во Париз“ од Џорџ Гершвин.

На концертот ќе му претходи кус ретроспективен осврт на историјатот на Македонската филхармонија на музикологот Марко Коловски, а ќе биде најавена и скорешната изложба на фотографии „Маестро“, посветена на најзначајните диригенти на Македонската филхармонија. Спонзор на првата едиција „Маестро“ е „Арс Ламина“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.