МК Сцена
Стринг Форсис со втор сингл и видеозапис (ВИДЕО)
Стринг Форсис, групата која нешто повеќе од две децении опстојува меѓу предводниците на македонската современа музичка сцена, по композицијата „Ние сме“, го објави и вториот сингл од новиот албум! Синглот насловен „ТИШИНА“, групата го промовира и со видеозапис, со која го наговестува своето ново лонгплеј издание кое пак го очекуваме оваа есен.
Во реализацијата на видеозаписот и за синглот „ТИШИНА“, како соработници на Стринг Форсис се потпишуваат Тања Рибарска (видео, монтажа), Гоце Наневски (фотографија, видео), Кристијан Теодоров (Мелем продукција) и Виктор Битовски.
Најновите остварувања на Стринг Форсис во секој поглед се доследни на автентичниот израз и звук на групата, но дополнително ги најавуваат следните активности во нивниот нов творечки потенцијал.



