МК Сцена
ГО ЗАПАЛИЈА БАЛКАНОТ, НА РЕД Е ОХРИД: Тајзи и Спејко најавија голем концерт
По „Палимо“ која е веќе летен хит на просторите на бивша Југославија, Тајзи најавува нови песни во август, а наскоро се очекува и новиот албум.
Во меѓувреме заедно со Дарко Спејко, победникот на „Големиот брат“ работат на проект за една од најдобрите балкански продукции „Балкатон“ од соседна Србија, зад која стои хит мејкерот Раста кој ги руши Јутјуб рекордите.
„Публиката ја препознава енергијата која ја носиме со себе, па затоа каде и да се појавиме ги полниме клубовите, а веќе и плажите низ земјава и регионот“, вели Тајзи.




