МК Сцена
Светскиот хуманист и предавач Ник Вујичиќ вечерва гостува во „Борис Трајковски“
Светскиот хуманист и предавач Ник Вујичиќ кој во рамки на својата светска турнеја гостува и во Македонија, вечер, во ВИП Арената на СРЦ „Борис Трајковски“, ќе одржи мотивациски говор.
Настанот го организираат Центарот за поттик на креативни потфати, „Нова Искра“ и евангелско-протестантските цркви во Македонија, а ќе биде збогатен со музички настапи на „Скопје Госпел Хорот“ и на македонските музичари браќата Тавитијан.
Според желбата на Вујичиќ, сите собрани средства од билетите кои може да се купат преку МКТикетс за 100, 200, 300 и 1.000 денари, како и он-лајн, преку веб страницата на МКТикетс (www.mktickets.mk) или во нивната продажна мрежа која ги вклучува продавниците на ONE ширум Македонија, ќе бидат донирани во хуманитарни цели, за опремување на салата за лицата со посебни потреби.




