МК Сцена
ТАКСИРАТ и Д ФЕСТИВАЛ се номинирани за Европските фестивалски награди!
Сред подготовките за своето седумнаесетто издание, „Таксират“ фестивал седма година по ред влегува во конкуренција на најдобрите фестивали во Европа со номинација за Европските фестивалски награди (Europe Festival Awards)!
Покрај тоа, годинава задоволството од ова натпреварување е уште поголемо и со веста за уште една номинација и тоа за единствениот летен фестивал кај нас, „Д ФЕСТИВАЛ“! Годинава во Дојран се одржа петтото и досега најголемото издание на „Д Фестивал“ кој за прв пат ја има честа да биде дел од оваа фестивалска манифестација. По шесте претходни номинации, „Таксират“ веќе не е осамен во трката за престижните фестивалски титули, а годинава заедно и со „Д Фестивал“ на Европските фестивалски награди, Македонија всушност прв пат учествува со два фестивали.
„Таксират“ е номиниран во категориjaта за „Најдобар фестивал кој се одржува во затворен простор“ (Best indoor festival), a „Д Фестивал“ во категоријата за „Најдобар мал фестивал“ односно фестивал чија публика брои до 10.000 посетители дневно. Нашите фестивалски претставници се во борба за наградите во конкуренција со повеќе од 30 фестивали од над 15 земји во Европа, за секоја од категориите.




