Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Даниел Кајмакоски добитник на MTV Best Adria Act награда – во номинација и за најдобар европски избедувач

МК Сцена

Даниел Кајмакоски добитник на MTV Best Adria Act награда – во номинација и за најдобар европски избедувач

Даниел Кајмаковски е добитник на овогодинешната престижна MTV Best Adria Act награда.

Тој се закити со епитетот најдобар регионален изведувач, кој освои најголем број гласови од публиката во изминатите четири недели.

– „Самата номинација, во категоријата со признати музички имиња, за мене беше голема чест и признание. Оваа награда е огромно изненадување, а воедно и голема мотивација за понатамошната кариера“, изјави Кајмакоски, заблагодарувајќи им се на сите кои гласаа за него.

Со добивањето на ова признание Даниел влегува во трка за освојување на уште една награда, а тоа е MTV Best Europe Act.

305946-daniel-kajmakoski-vo-trka-po-nagrada[1]

Гласањето за оваа категорија почнува денес и тоа на MTVEMA.com и ќе трае до сабота, 24 октомври, на полноќ, за да победникот биде прогласен ден потоа на доделувањето на 2015 MTV EMA во Милано.

Даниел освои повеќе гласови од Марчело, Сасја, „Хладно пиво“ и „Ту Челос“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.