Ковачи рејсинг тим: Младиот Христо со успеси во европски шампионати за 2020 во картинг трки
Талентираниот млад картинг натпреварувач Христо Ковачи, ентузијастички ја заокружи оваа година со реализирани петнаесет трки под капата на „Ковачи рејсинг тим“. Предизвикот беше голем но и искуството побогато земајќи учество на различни патеки, во Словенија, Австрија, Србија и Унгарија. Последната трка за оваа година беше предвидена Италија, но за жал беше откажана.
Христо 2020 година зема учество во 4 шампионати, ЦЕЗ -Централно Европска Зона, РМЦ- Австрискиот Шампионат, Српскиот Шампионат и ССЦ-Спорт Стил Куп.






