Махир Мулалиќ е победник во шоуто „Ѕвездите на Гранд“
Вчеравечер се одржа долгоочекуваното финале на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, а победник во 14-та сезона на балканското хит шоу е младиот Махир Мулалиќ.
21-годишниот Мулалиќ доаѓа од Грачаница, а во шоуто негова менторка беше Марија Шерифовиќ, која како што пренесуваат српските медиуми го убедила да не се откаже по семејната трагедија.
Имено, мајката на младиот Махир починала на 3 април, па поради оваа семејна трагедија тој сакал да го напушти натпреварувањето.




