Нејзиниот вокал ќе ви го стопли срцето: Слушнете ја првата песна на Агни Авшар (ВИДЕО)
Македонската музичка сцена има неопходна потреба од нови имиња кои ќе ја освежат, но и ќе понудат малку поинаков звук од сето она што досега сме навикнати или пак, на некој начин, сме приморани да го слушаме.
Една од нив е и младата вокална интерпретаторка Агни Авшар. Веројатно повеќето од вас сеуште не го имате слушнато нејзиното име и презиме, но професионалните познавачи на музиката веќе го препознаваат исклучителниот квалитет на перформансот на Агни.
Многумина за Агни ќе кажат дека нејзиното време допрва доаѓа и верувајте дека е така.




