Таленти
Звучат феноменално: Теа и Дупер снимија заедничка песна – „Не ми даваш сон“ (ВИДЕО)
По се изгледа соработката помеѓу младата пејачка Теа Трајковска и момците од групата „Дупер“, Илчо и Борис се покажа како одлична.
Нивната заедничка песна „Не ми даваш сон“ која ја објавија пред само неколу дена, наиде на доста позитивни реакции и коментари од страна на публиката.
За само два дена, песната „органски“ имаше преку 50.000 прегледи, што е навистина одлична бројка за толку кратко време.





