Повторно оригинална – Полина Тасева жари во новото видео!
Деновиве излезе новото видео на младата и талентирана пејачка Полина во кое таа повторно го покажа својот талент.
Песната „Ти” е нејзина трета песна, која може да ја слушнете на нејзиниот YouTube канал, се заокружи со видео запис кој Полина го работеше со талентираната Христина Трајкоска на три одбрани локации.
Замислата доби свој печат со посебните препознатливи креации на Андреј Ѓорѓиевски ПАПАЗ. Музиката и текстот се на Полина заедно со Иван Петровски, додека аранжманот и продукцијата ги работеше Иван.




