Музика
Tom Walker и Lost Frequencies ќе настапат ова лето на EXIT!
Tom Walker, авторот на еден од најголемите хитови на деценијата „Leave a Light On“, кој ги освои топ листите и срцата на публиката ширум планетата, ќе настапи на главната бина на EXIT Фестивал во сабота 6-ти јули.
Странските медиуми го нарекуваат најголемата британска нова ѕвезда, што го потврдија и претстојните „Брит“ награди номинирајќи го во две категории, за најдобар нов изведувач и најдобар британски сингл.
Неговиот моќен глас и музички стил, критичарите го споредуваат со изведувачи како што се Ed Sheeran и Rag’n’Bone Man, додека музичката сцена со нетрпение го очекува неговиот албум најавен за март, а на кој соработуваше со продуцентите на ѕвезди од калибарот на Adele, Arctic Monkeys, Years&Years, но и со самиот Ed Sheeran.




