МК Сцена
Тоше го нема, но остануваат неговите песни и неговите хумани дела
Тажно, но и достоинствено е денеска на Гумење во Крушево, на вечното почивалиште на Тоше Проески, големата македонска и балканска музичка ѕвезда која во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка Хрватска, точно пред 10 години, го загуби својот живот.
Тоше го нема, но остануваат неговите песни и неговите хумани дела, беше неподелено мислењето на фановите на Тоше Проески кои денеска дојдоа од цела Македонија, но и од Балканот: од Србија, Хрватска, од Бугарија, Турција да му оддадат почит на неговото вечно почивалиште на Гумење.
Радица Иванова од Бугарија е повеќе години обожавател на Тоше, но прв пат доаѓа во Крушево и на Гумење.




