Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

МУЗИЧКИ СПЕКТАКЛ ВО СКОПЈЕ: Стинг ја наполни „Борис Трајковски“ како никој досега! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

АТАНАС СТОЈАНОВСКИ / ПОПУЛАРНО.МК

МК Сцена

МУЗИЧКИ СПЕКТАКЛ ВО СКОПЈЕ: Стинг ја наполни „Борис Трајковски“ како никој досега! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Британската легенда Стинг вчеравечер успеа да ја наполни „Борис Трајковски“ како што никој не успеал досега!

Буквално се бараше место повеќе за стоење, затоа што единственото слободно место каде посетителите можеа да се разминат беше ходникот кај главниот влез на салата.

Концертот започна точно на време и веднаш чим се исклучија светлата на сцената неочекувано набрзина се појави Стинг.

– „Добро вечер, Македонија!“ – рече тој на македонски, а по воведната нумера сцената ја препушти на неговиот син кој публиката ја загреа со пет музички изведби на акустична гитара.

10.000 публика беше нестрплива за спектаклот за кој хистерично се продадоа влезниците, па по 5 минутната пауза на сцената се појави големата светска ѕвезда со својот четиричлен бенд.

Следуваа голем број од препознатливите хитови на Стинг, меѓу кои скопската публика, но и оние дојдени од цела Македонија и соседните земји, најмногу реагираа на „Mad about you“, „If I ever lose my control of you“, а целата арена заедно со Стинг го пееше хитот на сите времиња „Englishman in New York“ кој бендот ја отсвири во специјална концертна преработка.

Фронтменот на прочуениот рок бенд „Полис“ приреди незаборавно концертно искуство за среќните фанови кои имаа можност да бидат во „Борис Трајковски“, но во посебна, интимна и лична атмосфера.

Првиот дел од концертот беше во брзиот ритам и одличната енергија помеѓу артистот и публиката, додека во вториот дел се испеаја големите хитови од „Полис“ и Стинг кои публиката ги пееше во еден глас со Англичанецот.

Следуваа познатите „Message in the bottle“, „Walking moon“,  а цела „Борис Трајковски“ танцуваше на ориенталниот ритам на „Desert rose“.

Десетминутната верзија на песната „Роксен“ најави спектакуларна завршница во која Стинг со својот бенд ги отсвири „Next to you“ и химната на вечерта „Every breath you take“.

Бендот беше испратен со овации од сцената, но беше повикан на бис, и со песната „Fragile“ го затвори двочасовниот концерт.

– „Ви благодарам, треба да се вратиме повторно тука!“ – со овие зборови и се заблагодари Стинг на македонската публика.

Многумина коментираа дека ова е еден од технички најсовршените концерти кои некогаш се одржале во Македонија, а за тоа беа заслужни од Авалон продукција кои на публиката и овозможија двочасовно музичко уживање.

За жал, Стинг немаше можност подобро да се запознае со Македонија, затоа што тука допатува директно од Будимпешта, а турнејата ја завршува во Романија.

Тој настапи во рамки на неговата најнова турнеја насловена „57th & 9th World Tour“, која од февруари обиколи повеќе од 50 градови ширум светот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.