МК Сцена
Трајче влезе во финалето на шоуто „Пинкови ѕвездички“
Македонскиот претставник во шоуто „Пинкови ѕвездички“, Трајче Георгиев и во вечерашната полуфинална емисија ги воодушеви сите со својот неверојатен вокал, па заслужено доби позитивни коментари од жирито.
Трајче повторно успеа да предизвика емоции кај публиката и жирито. Со изведбата на песната „Impossible“, нашата мала ѕвезда уште еднаш покажа дека заслужено се најде меѓу 16-те полуфиналисти.
-Ти си господин човек и тоа е твојата прекрасна одлика, рече Јелена Томашевиќ.




