МК Сцена
ТРИ ДЕНА ВО ДУХОТ НА МОДАТА: Вчеравечер се затвори 14. издание на Моден викенд Скопје
По три дена и дванаесет модни ревии во „Скопје Мериот хотел“ есенското издание на Моден викенд Скопје го затворија креаците на дизајнерката Ирина Тошева.
Последната модна вечер започна со групната ревија на курсистите по моден дизајн од Центарот„Кариера Плус“ : Радица Лазова, Оливер Атанасов,Ева Заева, Асмира Абази и Ивана Арсовска.
– „Балансот во нештата е главната инспирација за колекцијата реализирана под менторство на Ирина Тошева. Симетрија и асиметрија, совршено и несовршено, ред и хаос, шаренила и монохроматско, добро и лошо, топло и ладно … 15 приказни од 5 млади дизајнери.“, велат од „Кариера Плус“ кој е специјализиран центар за креативни и практични курсеви од областа на мода и убавина и како таков е единствен во Македонија.










