МК Сцена
Турскиот режисер Каан Муждеџи ќе ја прими наградата „Златен Манаки“
Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“-Битола и Културниот центар „Јунус Емре“ од Скопје вечер во киното „Синеплекс“ организираат проекција на турскиот филм „Сивас“.
Повод е наградата „Златен Манаки“ која првпат е доделена за најдобар филм во новата фестивалска програмата „СЕЕ Камера“, а ја доби режисерот на овој филм Каан Муждеџи.
Поради неможноста да биде во Битола на неодамна завршениот фестивал „Браќа Манаки“, режисерот Муждеџи денеска ќе ја прими статуетката „Златен Манаки“, која ќе му ја врачи уметничкиот директор на ИФФК, Благоја Куновски-Доре. Тој ќе биде гостин на проекцијата на „Сивас“ и ќе и се обрати на публиката.




