МК Сцена
ВИДЕО: Радискиот хит „Фрази љубовни“ на Тамара и ДНК со комична видео приказна
Долгоочекуваниот спот за хитот „Фрази љубовни“ на Тамара Тодевска и ДНК од денеска ќе можете премиерно да го видите на „Јутјуб“ и на македонските телевизии.
Комичното видео раскажува за два простодушни ликови кои се загреани по супер ѕвезда од естрадата.
Видеото се снимаше во Охрид во „Вила Бисера“ и е во продукција на „Горила Филмс“ во режија на Горан Костадинов и Владимир Ивановски – Дади.




