МК Сцена
„ТВРДИНА НА СОНЦЕТО“: Културно-едукативен хепенинг на локалитетот Кокино
Културно-едукативен хепенинг „Кокино-тврдина на Сонцето“ ќе се реализира денеска на мегалитската опсерваторија Кокино. Организатор е продукцијата „Пасворд“.
Хепенингот е во рамки на проектот на Владата и Министерството за култура „Кокино-македонски бренд“ и има хуманитарен карактер. Сите донирани средства од посетителите ќе бидат наменети за жителите од поплавените подрачја.
Министерството за култура информира дека како дел од програмските активности, кои ќе почнат во 17 часот, за посетителите ќе бидат организирани едукативни тури до опсерваторијата. Ќе се одржат и повеќе работилници за керамика, филигран, компостирање, оригами, а паралелно ќе се одвиваат и предавања од областа на астрономијата.




