МК Сцена
УЧЕНИЦИТЕ ГИ НАГРАДИЈА ПРОФЕСОРИТЕ: „Корчагинска просветилка“ по четврти пат во МОБ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
На 4 април во новиот салон на Македонската опера и балет, корчагинските матуранти од генерација 2013-2017, ја поставија на сцена четвртата по ред Просветилка, манифестација која е препознатлив корчагински бренд.
Матурантите на оригинален и креативен начин им се заблагодарија на своите наставници со рачно изработени маскоти во вид на академски светилки на кои беа испишани признанија во суперлативи: најобјективен, најтемелен, најпосветен, најсестран, најрадосен, најлајт-мотивен, најорганизиран, најавторитативен, најпринципиелен, најавангарден….
На сцената беше поканет директорот на гимназијата м-р Јордан Лукаревски да ја отвори манифестацијата која траеше преку три часа за да се поделат преку педесет просветилки.
































