МК Сцена
Ултимативен музички викенд за вистинските љубители: Морисеј и Апокалиптика во Скопје!
„Авалон продукција“ со гордост ви го најавува исклучителниот музички настан Ultimate music weekend, со два големи концерта што ќе се одржат на 16 и 17 октомври- на легендарниот Morrissey и светската атракција „Apocalyptica“, во Скопје.
Ова е навистина ретка можност за македонските фанови и оние низ целиот Балкан, да бидат дел од ваков несекојдневен настан, на концертите на фронтменот на легендарните „The Smits“, кој важи за еден од најголемите музичари на сите времиња и кој за првпат ќе настапи во Скопје, како и експлозивната светска метал атракција „Apocalyptica“.
Steven Patrick Morrissey со легендарните „The Smits“ сними четири култни албуми, кои денес се наоѓаат во сите можни музички енциклопедии, додека со неговите 10 соло-албуми, тој секогаш е на врвот на сите музички топ-листи. Речиси три децении по „The Smits“, неговиот последен студиски албум „World peace is none of your bussines“, предизвика толку голем интерес во светски рамки, што еден од највлијателните музички магазини „New musical express“ објави специјален број посветен на Morrissey и го прогласи за уметник што има најдобра и најдостоинствена кариера од сите кои предходно имале бенд.







