МК Сцена
Ултра распродажба во Капитол мол
По ладните зимски денови, секогаш следи трансформација на навиките и опкружувањето.
Од удобното и топло домашно прибежиште, се започнува да се цели кон пролетната раздвиженост низ урбаните градски улици. Познат по изненадувањата кои ги организира за своите посетители, Капитол Мол овој пат одлучи со стил да ја испрати зимската сезона. Затоа од 22ри до 26ти февруари, во срцето на Општина Аеродром, во Капитол Мол секој ќе има можност да биде дел од ултра-уникатно шопинг искуство.
Со желба за освежување на својот стил и изглед, притоа оставајќи го својот личен печат низ полу-разбуденото Скопје, посетителите во Капитол Мол ќе имаат шанса да го збогатат својот гардеробер со одбирање на ултра-модерни модни комбинации. Пронаоѓајќи го својот стил некаде помеѓу мирисот на раната пролет и последните траги од зимата, Скопјани неколку дена ќе имаат можност да бидат ултра расположени во еден од најубавите трговски центри во главниот град.




