МК Сцена
УРБАН ТАГ: Каква е македонската субвенционирана музика?
Лавина реакции во јавноста и на социјалните мрежи предизвика објавувањето на песната и видео-записот за композицијата „Аманет“ на Симеон Иванов – Канго, која ја субвенционираше државата со 4500 евра преку програмата за поттикнување на домашната забавна и народна музика. Канго тврди дека постапката за избор е транспарентна и дека државата му ја спасила кариерата.
„Моите дела ќе умреа, ако не беше ова последново, „Аманет“. Заради „Аманет“, јас сум на судот на честа! Зошто?! Па ти најди ми некој друг што направил повеќе од мене! Најди ми и јас одма хари-кири ќе извршам!.“, изјави Канго.
Членот на жири-комисијата од третиот квартален циклус за 2015 година вели дека Законот има правни недостатоци бидејќи не се прецизирани критериумите за оценување.



