МК Сцена
ВЕЧЕР НА ВИСТИНСКО УЖИВАЊЕ: Ал Ди Меола ќе ги свири Битлси во МОБ
Еден од најголемите светски и најнаградувани гитаристи на сите времиња, после пауза од речиси 10 години повторно се враќа во Скопје, со два ексклузивни концерта во една вечер (од 20 и од 22 часот), на 25-ти ноември во Македонската Опера и Балет.
Ал Ди Меола ќе настапи со многу специфична програма, со музика на Битлси, Пјацола, како и негови авторски песни.
Пошироката светска јавност го запозна Ал Ди Меола вo 1970-те години, како гитарист во џез-фјужн составот „Return to forever“, во кој членуваат клавијатуристот Чик Кореа, басистот Стенли Кларк и тапанарот Лени Вајт.




