Музика
ВИДЕО: Најголемите хитови кои оваа година ќе бидат изведени на „Егзит фестивалот“
Овогодишната програма на „Егзит“ Авантурата е една од најсилните и најактуелните во изминатите 15 години од првиот „Егзит“ одржан на Петровадаринската тврдина.
Во прилог на тоа говори и фактот дека, како никогаш досега во една година, програмата на „Егзит“ од 9. до 12. јули, односно „Си Денс“ фестивал од 15. до 18. јули, е сочинета од хедлајнери кои сите повеќекратно ги освојувале првите места на најважните светски топ листи.
До самиот врв на листата за најдобри синглови и албуми стигнуваа во низа Емели Санде, „Д Продиџи“, „Феитлес“, Роишин Марфи, „Моторхед“, „Рудиментал“, Џон Њуман, Том Одел, „Клин Бандит“, Мартин Гарикс, Сигма, Лефтфилд и Оливер Хелденс, додека своето место во првите 10 го забележаа и Милки Ченс, „Капитал Ситис“, Голди, Рони Сајз, Вилкинсон, Клангкарусел и други.




