МК Сцена
ВИДЕО: Слушнете како звучи македонската химна отпеана од 3.000 грла, во изведба на момците од Apocalyptica!
Со исклучителните и енергични настапи на великанот на британската музичка сцена Morrissey и светската метал атракција Apocalyptica на Ultimate music weekend, Скопје после многу години ги победи Белград, Загреб и Љубљана.
Фантастичните момци од Финска во саботата имаа спектакуларен концерт во Скопје кој дефинитивно долго ќе се памети и имаа многу повеќе публика од концертите во Белград, Загреб и Љубљана. Од друга страна, пак, Morrissey исто така имаше многу повеќе публика во Скопје отколку во Загреб и Љубљана.
На петочниот концерт на Morrissey во СРЦ Кале, имаше исто толку публика и во Белград, на концертот што го правеше Авалон продукција во белградскиот Експо центар.




