Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Влегува во глава на прво слушање: Магдалена Ена Цветкоска со нова песна – „Најдоброто“ (ВИДЕО)

Сцена

Влегува во глава на прво слушање: Магдалена Ена Цветкоска со нова песна – „Најдоброто“ (ВИДЕО)

„Најдоброто“ е насловот на новата песна на една од најквалитетните пејачки на нашата естрада, Магдалена Ена Цветкоска .

Помина година и повеќе откако Магдалена Ена го издаде последниот сингл, но специјално за овие празнични денови, односно денот на љубовта, познатата пејачка реши своите обожаватели да ги почести со една прекрасна композиција, на која како автор на музиката и текстот се потпишува токму таа, а нејзиниот брат – Лазар Цветкоски е задолжен за аранжманот и продукцијата.

– Станува збор за лесна љубовна песна која ми беше готова веќе подолго време, но решив да и ја подарам на мојата публика за денот на вљубените. Оваа песна е ѝ најава за следните песни кои ги подготвувам, а ке бидат објавени во периодот што следи – изјави накусо Цветковска.

Ова се супер вести со оглед на тоа дека Магдалена Ена и нејзиниот тим имаат подготвени неколку песни, а се разбира дел од нив ќе добијат и своја видео-приказна.

Она што е важно да се потенцира, Цветкоска се потпишува како автор на сите нови песни кои допрва ќе имате прилика да ги слушнете.

Уживајте, ова е „Најдоброто“ од Магдалена Ена Цветковска.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.