Настани
Влезниците за големиот концерт на Лепа Брена пуштени во продажба
Мега ѕвездата Лепа Брена, македонскиот спортски храм, арената Филип Втори, ќе ја полни на 20 јуни. Со спектакл за којшто не треба вовед, српската музичка ѕвезда неколку часа ќе ги забавува полните трибини на Филип Втори.
„Менаџментот на музичка ѕвезда каква што е Лепа Брена, за секој концерт има исти услови и правила, без разлика дали станува збор за мала сала или голем стадион. Па така, како што се погрижија белградските концерти во Комбанк Арена да бидат беспрекорни, ќе се погрижат и за овој во Скопје. Со себе носат осветлување и озвучување по најновите и највисоките светски стандарди. Не оставаат ништо на случајност. Брена на Филип Втори и ќе изгледа и ќе звучи светски“ – велат од продукцијата којашто се потпишува како организатор на концертот во Скопје, Балкан Медија.
Влезниците се пуштени во продажба од денес, среда 15 април во продажната мрежа на купи карти за се, Розе – Веро 2, Тобако Корнер (Аеродром) локалните киосци, кафулиња и плоштади низ државата. Цената на влезниците е од 200 до 500 денари.




