Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЕКСКЛУЗИВНО: Големите „Whitesnake“ на 25-ти ноември со голем концерт во Скопје!

МК Сцена

ЕКСКЛУЗИВНО: Големите „Whitesnake“ на 25-ти ноември со голем концерт во Скопје!

Како што јавува и официјалниот веб на Whitesnake, оајголемите рок бендови на сите времиња, Whitesnake (100 greatest artist of hard rock ever) го вклучи и Скопје во склоп на новата светска турнеја. На оваа турнеја Whitesnake ќе го промовираат својот нов “The Purple Album” кој во продажба ќе биде од 19ти мај.

Како што веќе веројатно знаете, David Coverdale одлучи да сними албум на кој ги стави своите омилени песни кои ги отпеа во период од 1973 до 1976 година, на албумите од Deep Purple – ”Burn” , ”Stormbringer” и “Come Taste the Band”, песни кој во најголем број ги напишаа заедно со легендарниот Ritchie Blackmore….

За овој албум David Coverdale изјави:

„Овој албум го издавам во знак на голема благодарност спрема групата Deep Purple“ . „Како што неодамна му реков на Richie – вие момци ме однесовте на неверојатно музичко патување кое сеуште трае и благословен сум што ве имав за учители! Едвај чекам да ги отпеам овие прекрасни песни во живо и да запловам со фановите во Purple магија!“

Концертот ќе содржи на 25ти ноември во арената Борис Трајковски.

Влезниците за овој голем спектакл за целата светска турнеја во продажба ќе бидат пуштени на 17-ти април (петок), а во Македонија ќе можат да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com со следниве цени и категории:

ПАРТЕР – 990,оо денари;
ТРИБИНА – 1200,оо денари;
ФАН ПИТ – 1500,оо денари (само 1000 билети);

11154955_864035357008710_4974622077128336309_o

Навистина се работи за „once in a life time“ концерти на Whitesnake, со единствена можност публиката во една вечер да ги чуе најголемите Deep Purple хитови ”Burn”, ”Stormbringer”, ”Soldier of Fortune”, ”The Gypsy” како и Whitesnake хитовите: ”Here I go Again”, ”Fool For You Loving”, ”Still Of The Night”, ”Is this Love” …

Влезниците за овој голем спектакл за целата светска турнеја во продажба ќе бидат пуштени на 17ти април, а во Македонија ќе можат да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com . Цените за концертно уживање ќе бидат објавени вечер во 21часот на ова исто место.

Авалон Продукција освен во Скопје организатор е и на концертите од Whitesnake и во Белград l 22.11.2015 – сала Пионир и Загреб l 21.11.2015 – КЦ Дражен Петровиќ (Цибона).

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.