Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Во февруари нов албум на Елтон Џон

Музика

Во февруари нов албум на Елтон Џон

Елтон Џон најави нов албум во 2016 година. Неговите агенти денеска објавија дека неговиот 33. студиски албум „Wonderful Crazy Night“ ќе излезе на 5. февруари следната година, а првиот сингл „Looking Up“ од денеска е достапен.

Новиот албум е продуциран од Џон и Ти-Боун Барнет, кој соработуваше со 68-годишниот британски музичар и на албумот „The Diving Board“ од 2013 година.

Текстовите на песните се на Берни Топин, со кој Џон соработува речиси пет децении.

Елтон Џон е еден од британските најуспешни и најдолговечни музичари, а последните години активно е ангажиран во борбата за правата на хомосексуалците. Од кралицата Елизабета Втора во 1998 година доби благородничка титула за придонес во поп музиката и во борбата против СИДА-та.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.