МК Сцена
ВО МЕСЕЦОТ НА ЉУБОВТА: Владо Георгиев и Тони Цетински доаѓаат во Скопје
Владо Георгиев и Тони Цетински во иста вечер, на исто место и во исто време…
Скопје, но и цела Македонија ќе има прилика да ужива на заедничкиот концерт на едни од најголемите музички имиња на Балканот – феноменалниот Владо Георгиев и инзворедниот Тони Цетински.
Кој од кој подобар, а доказ за тоа се нивните многубројни хитови кои се пеат од Вардар па до Триглав. Македонската публика ќе има прилика да ужива во песните како: „Живим сад“, „Ако ми лоше крене“, „Хеј ти“, „Анџеле“, „Опет си побједила“, „Ако то се зове љубав“, „Од милијун жена“, „Кад жена заволи“ и уште многу, многу други.




