Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

По подолга пауза Ѓорѓе Балашевиќ објави нова песна (ВИДЕО)

Музика

По подолга пауза Ѓорѓе Балашевиќ објави нова песна (ВИДЕО)

Српскиот доајен на баладите Ѓорѓе Балашевиќ, по подолга пауза од музиката, ги изненади и воодушеви своите фанови издавајќи ја својата нова песна со наслов „Мала видра“.

Последната негова песна „Дует“ беше објавена пред две години, непосредно по смртта на Кемал Монтено, посветена на покојниот пејач.

Со својот нов сингл, Балашевиќ покажа дека и натаму е целосно внесен во специфичниот војводински мелос.

Неговата ќерка пак, на Фејсбук напиша како настанала оваа песна.

– Ја ставив оваа мелодија во шпицата на еден мој филм и се покажа дека таа одговара совршено. Ѓоле немаше намера да ја објави поради сомнежот дека „тоа  луѓето веќе го чуле и тоа не е веќе нова работа“, но го наговоривме да ја сними повторно, сега со текст. Инаку, признавам дека го притискав за да ја објави, напиша таа.

Во последно време и нејзиниот татко се почесто комуницира со своите фанови преку социјалните мрежи.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.