МК Сцена
Во петок започнува петтата сезона на музичката емисија „Стисни плеј“
Со почетокот на месец октомври на програмата на МРТ по кратка пауза се враќа музичката емисија „Стисни Плеј“.
Подновени со ново студио и стариот ентузијазам за промоција и поддршка на домашната музичка продукција, водителите Александра и Марко ќе ги поздрават гледачите овој петок во 20 часот и 15 минути на Првиот канал на МРТ !
– „По четири изминати години во кои максимално се насочивме кон свртување на вниманието на јавноста кон македонската музика, во петтата сезона ќе бидеме уште поселективни, но и критички настроени. Ќе бидеме отворени кон младите и талентирани музичари, но ќе ја користиме и богатата архива на МРТ, па ќе ги потсетуваме гледачите и на македонската музичка историја “ – Александра Јовановска, уредник и водител на „Стисни Плеј“.






