МК Сцена
Win Music Freedom: „Claptone“ утре настапува на отворањето на Станица 26
Време е за уште една градска Stay You забава во клубот Станица 26 на познатиот Claptone со почеток на полноќ на 10-ти октомври, среда, поддржана од Win Music Freedom. Локална поддршка има од Алек Солтиров, билетите изнесуваат 800 денари на влез.
Името на Claptone, веќе долго време се поврзува со мистика и интрига, кој е човекот позади маската и како успева секогаш на своите настани да ја маѓепса многубројната публика со својот музички настап. Неговиот успех во елекотронската музичка сцена е евидентен со повеќе од 260 настапи низ целиот свет, каде што публиката со задовлство го чека појавување на мистериозниот човек со златната маска.
Во 2017-та година неговиот проект именуван како “The Masquerade” доживува голем успех, претставувајќи одличен музички концепт и соработка помеѓу други светски познати артисти како Black Coffee, Pete Tong, MK, и др. Овие концептуални забави се одржуваат во Бразил, Лос Анџелес, Рио, Берлин, Њу Јорк, секако завршувајќи на најпознатиот остров за забава Ибица, каде што во колаборација со Elrow организираат неколку настани за кои влезниците се распродадени однапред, и настаните уште ги прераскажуваат посетителите бидејќи ја имале таа можност да уживаат во маратонските сетови на Claptone, кои траеле повеќе од 7 часа.




