МК Сцена
ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Емотивно музичко патување со Матија Дедиќ и Зоран Предин
За прв пат во Македонија доаѓа двоецот Предин и Дедиќ со нивниот проект „Трагови у сјети”, проект кој веќе ги пропатува речиси сите градови од поранешна Југославија и ги освои симпатиите на публиката и критиката.
На 17 ноември во МНТ македонската публика ќе има можност да ги слушне најубавите песни на Предин и најпознатите хитови кои будат спомени на различни генерации. “Јесен у мени”, “Галеб и ја”, “Зажмури”, “Магла”, “Ти си ми у крви”, “Васа Ладачки”, “Те ночи кад умрем”, “А сад адио” ….. како и многу други песни од големите автори на поранешна Југославија.
Матија Дедиќ e роден во Загреб во исклучително музичко семејство. Растен со неговите родители Арсен Дедиќ и Габи Новак тој започнува да свири клавир уште на 5 годишна возраст а дипломира на џез академијата во Грац, Австрија.




