МК Сцена
ЗАПОЧНА МОДЕН ВИКЕНД: Три дена модни ревии во луксузниот хотел Мериот во Скопје
Сезоната есен-зима 2016/2017 ја отвори ревијата на дизајнерката Јована Филиповиќ и нејзината колекција „The Great Beauty“ поддржана од „Пелистерка“, вчеравечер во „Скопје Мериот хотел“ кој е официјална локација на четиринаесеттиот Моден викенд Скопје.
– „Новата колекција црпи инспирација од италијанското кинематографско достигнување “La Grande Belleza” на Paolo Sorrentino. Приказна која поттикнува размислување за општеството во кое живееме, стремежите, потребите и заедничките вредности кои се резултат на модерното живеење. Колекцијата е кохезија на модерните, хедонистички и декаденти трендови испреплетени со носталгија по времето на вистинската убавина и гламур. Едноставно пораката на колекцијата е “ Во тренд но со вистинска доза на безвремеменост“, – порачува Јована Филиповиќ.
На првата модна вечер дебитираше „Papaz“со колекцијата “Враќање на антихеројот” која е финансирана од страна на Министерството за култура на Република Македонија и “Securicom”, музиката на ревијата беше на Димитар Андоновски, а за високиот квалитет на рекламниот материјал се погрижија „Pixel print“.








