Музика
ЗАВРШИ ЕГЗИТ АВАНТУРАТА: Преку 77.000 луѓе на Си Денс фестивалот во Будва (ФОТОГАЛЕРИЈА)
По три возбудливи дена и уште толку возбудливи ноќи полни со емоции и незаборавни настапи на плажата Јаз бо Будва, со отсјајот на утринското сонце на Јадранот, заврши е третиот фестивал „Си Денс“.
Во продолжение на големата „Егзит авантура“ која ја следеше екипата на Популарно.мк и патувавме од Петроварадин до Јаз, најдобрите моменти ги опишуваме со два збора: животен спектакл, како што многумина го нарекоа настапот на Скрилекс на главната бина првата фестивалска вечер.
Момците од Манчестер, „Hurts” вчеравечер пред 27.000 луѓе на Јаз покажаа дека срцето е најголем адут во секое финале. Токму како што една вечер пред нив, крвава борба против дождот водеа „Stereo MC’s”, Енди Си, Систер Блис.






