МК Сцена
ЗАВРШИ ВИНО СКОП: „Кучка неверна“ и Куку Леле собраа најмногу посетители (ФОТО)
Синоќа на плоштадот Мајка Тереза заврши десеттиот јубилеен Вино Скоп во нашиот главен град.
Организаторите велат дека фестивалот поминал во најдобар ред и ги срушил рекордите на посетеност и испиено вино, а како причина за големата актуелност беше музичкиот дел каде во тие четири вечери имаше музика за сечиј вкус.
На сцената настапуваа легендарниот Мики Јовановски – Џафер, Јаков Дренковски, Владо Јаневски и уште неколку други.





