МК Сцена
ЗДРАВО, ЗДРАВО МАКЕДОНИЈА: Луда забава со Афроџек на отворањето на „Охрид колинг“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
„Охрид колинг“ втора година по ред го докажува својот бренд и квалитет кој го понуди пред охриѓани, но и многуте гости од регионот и Европа.
Спектакуларно беше отворено овогодинешното издание на фестивалот, на кој главни хедлајнери се Афроџек, кој настапуваше вчера, и мегапопуларниот диџеј Хардвел кој ќе настапува на денешната кулминација на „Охрид колинг“.
Забавата на „Билјанини извори“ вчеравечер започна со македонското диџеј дуо „Дуоз“ кои претставуваа најава за диџеј сетот на специјалниот гостин на вечерта, 23-годишниот диџеј Равитез чиј талент за музиката бил всушност откриен од страна на Афроџек, па поради тоа и настапува заедно со него на неговата турнеја.







