МК Сцена
Жан-Мишел Жар ќе го отвори овогодинешниот „Таксират“
Пионерот на електронската музика Жан-Мишел Жар ќе го одбележи отворањето на 18-то издание на фестивалот Таксират со спектакуларно аудио-визуелно шоу што ќе се одржи на 13-ти ноември во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Во својата 40-годишна кариера, револуционерниот француски уметник првпат настапува во Македонија, како дел од големата светска турнеја што ќе биде своевидно заокружување односно круна на проектот „Електроника“ – албум во два тома, првиот издаден лани, вториот годинава.
Како што е најавено, покрај новите композиции, посетителите ќе имаат прилика да се потсетат и на старите фаворити од неговите класики „Оксижен“ и „Еквинокс“, а сето тоа придружено со незаборавно аудио-визуелно доживување преку совршениот спој на многубројните сценски ефекти што ја интегрираат најновата технологија на звук и светло.





