МК Сцена
ЖИВИ СТАТУИ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Се одржа првиот „Урбан фест“ (ФОТО)
Последниот викенд од месец април на „Сквер Јадран“ во Скопје се случи првиот „Урбан фест“- фестивал на живите статуи.
– „Овој настан веќе подолго време се подготвувавме да го направиме во Скопје, бидејки додека патувавме со нашата улична театарска трупа „Театроск“ низ Европа посетувајки фестивали од ваков карактер во последниве десетина година дојдовме до заклучок дека ваков настан одлично би го накитил нашиот главен град. Оваа година се одваживме и истиот премиерно беше изведен во Скопје. Успешно.“ – велат организаторите.
На „Урбан фест“ свое учество земаа артисти, живи статуи од повеќе европски држави, Германија, Португалија, Холандија, Бугарија, Србија, Босна, како и наши, домашни артисти.








