Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Златната палма за Кен Лоч

Сцена

Златната палма за Кен Лоч

Годинешната Златна палма на 69-от Меѓународен филмски фестивал од Кан, меѓународното жири во Кан, на чело со австралискиот режисер Џорџ Милер му ја додели на режисерот Кен Лоч за филмот „Јас Даниел Блејк“, јавува дописникот на МИА од Париз.

Кен Лоч со тоа влегува на листата на двојни наградени со најпрестижното филмско признание -Златната палма.

– Примање на Палмата е малку чудно, бидејќи ликовите, кои го инспирираа овој филм се оние кои успеаа да ги извлечат од маките најсиромашните од петтата светската сила, односно Англија. Филмот ја одржува имагинацијата, но ни го претставува и светот во кој живееме. Светот се наоѓа во опасна ситуација. Тој е воден од страна на нео-либералните идеи кои можат да доведат до катастрофа. Тие вовлекоа во беда милиони луѓе од Грција до Португалија. Киното има традиција на протестирање, народот против моќните, се надевам дека оваа традиција ќе продолжи. Ние се приближуваме во период пред очај. Ова ја носи екстремната десница, ние мора да донесеме надеж. Возможен е поинаков свет . Тоа е можно и потребно, рече Кен Лоч при примањето на златната палма од рацете на Џорџ Милер и Мел Гибсон.

Наградата за женска интерпретација ја доби филипинската актерка Жаслин Хозе за улогата во филмот „Мојата Роза“.

За најдобра машка улога Златната палма ја доби иранскиот актер Шахаб Хосеини за улогата во филмот „Клиент“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.