МК Сцена
„Златни денови 2015“: Бајага, Ѕвездите од X–Фактор и Елена Ристеска само дел од гостите
Златни денови Кратово и оваа година ја имаат вистинската формула за одлична забава, многу музика, изненадувања и разладување.
Ова лето по вторпат во Кратово ќе се случува вистински музички хепенинг, празник за сечиј вкус. Уникатен начин на кој ќе се внесе звукот на македонската музика и мирисот на добрите вибрации во Кратово, градот на мостовите и кулите.
Настанот кој ќе ги обедини, зближи и поддржи македонските музичари е причина плус зошто да се биде овој викенд во Кратово.




