МК Сцена
ЗОКИ ФАЦИ: Скандал на саемот за венчаници – кучето Купер непожелен гостин
Познатиот естраден водител Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, на својот фејсбук профил објави дека вчеравечер се случил скандал на Саемот за венчаници кој традиционално се одржува во Скопје.
– „Кучето Кипер од расата доберман со бела лептир машна со кристали Сваровски стрипливо чекаше да започне ревијата на годинешниот саем за венчаници во хотелот Александар Палас. Кипер требаше да биде модел заедно со една манекенка во венчален фустан и топ моделот Спасоје Кликовац како нејзин придужник, идеја на нашиот млад дизајнер Џеј Зи, но тоа не се случи. Обезбедувањето на хотелот не дозволи дресираниот црн доберман да учестува на ревијата со образложение дека хотелот не е дог-френдли.“ – вели Фаци.
На оваа одлука на обезбедувањето, на само 5 минути од почетокот на ревијата, прв изреагирал токму Зоки Фаци, кој заедно со неговата блиска пријателка, моделот Сашка Тортевска-Стојановска, се побуниле за скандалозната одлука на хотелот.




