МК Сцена
ZUCCHERO доаѓа во Охрид!
Ништо не може да ја спречи оваа година да биде исклучителна во македонската концертна историја. Уникатноста на проектот, чија објава сме среќни вечерва да ја споделиме со вас, ќе допринесе за тоа.
За прв пат во Македонија, на 25 јули, доаѓа една од најголемите италијански ѕвезди и сигурно еден од најдобрите европски вокали ZUCCHERO, со своето best of шоу во прекрсаниот Охрид, во идеaлниот простор за таа музика- Антички театар.
ZUCCHERO е артист којшто го има направено невозможното. Со карактеристичен блуз вокал, има неверојатен број и на комерцијални хитови: „Baila Morena“, „Senza Una Donna“, „Dune Mosse“ и уште многу други, а пред се`, кввалитетот на изведбата и музиката се секогаш во прв план.




