Останато
10.000 натпреварувачи ќе трчаат на овогодинешниот скопски маратон
Подготовките за најголемото маратонско случување во регионот се кон самиот крај. На 6-ти мај во 08.30 часот на скопските улици ќе стартува рекорден број од тркачи.
Еден ден претходно (сабота, 5-ти мај) Виз Ер Скопски маратон во соработка со Амбасада на Република Италија и Парк Хотел и Спа како поддржувачи на „Проект Среќа“ ќе организираат хуманитарна Pasta party од 18.00 до 21.00, во склоп на акцијата „Здраво шампиони“.
Целиот износ од собраните средства кои ќе се обезбедат од продадените ваучери на Pasta party, ќе се наменат за деца кои живеат во социјален ризик, а за нив ќе се обезбеди бесплатна спортска опрема и бесплатни членарини во спортски клубови. На оваа акција се придружи и Агенцијата за млади и спорт.


