Останато
СИТЕ НА СТАРТНАТА ЛИНИЈА: Уште 8 дена за пријавување на Виз Ер Скопски маратон
Оваа година Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи во недела, 06.05.2018, со старт во 08.30 часот. На агендата повторно се маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон и трката на 5 километри.
Поради ефектот кој Виз Ер Скопски маратон го имаше во Македонија и пошироко оваа година светската рекордерка Пола Редклиф ќе биде промотор на Виз Ер Скопски маратон.
Пријавувањето за трките на Виз Ер Скопскиот маратон трае до 27-ми април 2018 и остануваат уште само 8 дена заинтересираните да се вклучат на овој традиционален маратон. Оваа година во соработка со eventbaxx од Германија маратонот воведе дигитален стартен пакет кој ќе ги замени хартиените материјали со цел да се зголеми заштитата на животната средина. Сепак, во стартниот пакет, зависно на која трка се пријавени учесниците, се вклучени маици со лого од трката, стартен број со чип, дигиталниот стартен пакет од eventbaxx, освежување, онлајн диплома, осигурување од несреќен случај за време на траење на маратонот и подарок од партнерите. За повеќе детали и за пријавување може да се посети официјалната веб страна на Виз Ер Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон https://www.smartrace.club/.

