Останато
Детските насмевки – најава за утрешниот скопски маратон (ФОТО)
Денес, во Аеродром се одржа традиционалниот Детски мини-маратон, 12ти по ред.
Оваа трка од 500 метри се организира пред самиот Виз Ер Скопски маратон како негов предвесник, со цел да се поттикнат најмалите од рана возраст да се впуштат во здравиот начин на живеење. Детски насмевки ја украсија патеката во Аеродром. Тие беа охрабрувани од нивните родители и најблиски кога започна забавниот натпревар.



