Ракомет
Домаќинот Полска нов предизвик за македонските ракометари на ЕП
Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе го игра вториот натпревар на Европското првенство, а за противник ќе го има домаќинот селекцијата на Полска.
Полјаците, кои важеа за фаворити во дуелот против Србија, не прикажаа којзнае каква игра во првото коло, па мечот го добија минимално со еден гол разлика.
За разлика од домаќините, нашите ракометари одиграа одлични педесетина минути против олимпискиот, светски и европски шампион Франција, но како да немаа сили до крај да се изборат за изненадување.




