Кошарка
Костовски: Ако ја победиме Хрватска ќе биде супер, ако не никому ништо
Најдобриот македонски играч во досегашниот дел од Евробаскетот Александар Костовски за вечерашниот натпревар против ко-домаќинот Хрватска очекува тежок меч на кој противникот е голем фаворит па позитивен резултат за „црвено-жолтите“ би бил извонреден успех.
– Хрватска е апсолутен фаворит, тим кој оди на медал. Ние ќе се обидеме да изненадиме, но нема психолошки да паднеме и во случај да изгубиме, бидејќи ова ќе биде еден вид генерална проба пред одлучувачкиот натпревар со Грузија. Ако победиме ќе биде супер, ако не никому ништо, изјави Костовски.
Тој со постигнати 33 поени на првите два натпревара и 65% шут е убедливо најдобриот играч на Македонија.




